Делегација на МВР предводена од Министерот Оливер Спасовски денес престојуваше во посета на општина Штип.
Домаќин на средбата беше градоначалникот Благој Бочварски. Средбата беше искористена за продлабочување на соработката и остварување на подобри релации со МВР и СВР-Штип.
Соработката меѓу локалната самоуправа и секторите за внатрешни работи е многу важна ако сакаме да имаме безбедни градови, беше главниот заклучок од средбата.
Предходно министерот Спасовски најави дека проектот “маалски полицаец” ќе почне да функционира токму од Штип.
– Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Штип е мирна и стабилна. Денеска им дадов задача на началникот и неговите соработници да почнат со подготовка за реализирање на проектот за маалски полицаец и враќање на позорникарите на улиците на СВР Штип. Тоа ќе го направиме и во другите градови. Маалскиот полицаец е најдобар партнер со граѓаните и на тој начин заеднички ќе ја зголемиме безбедноста, рече министерот Спасовски по посетата на СВР Штип