Денеска, во кабинетот на градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев во официјална посета беше директорот на Управата за водење на матични книги Ѓоко Котевски.
На работната средба се разговараше за отворање на подрачна канцеларија на Управата за водење на матични книги на територијата на локалната самоуправа. Во неа граѓаните на Карпош ќе можат да добиваат официјални документи кои ги издава оваа институција, а кои се од исклучително значење за жителите на Карпош.