(ФОТО) СОУ „Ѓорче Петров“ го објави огласот за упис во средно – Слободни 340 места, Уписите на 17 и 18 јуни

СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка го објави ОГЛАСОТ за запишување во прва година во учебната 2019/2020-та година.

flaer-1-1

Во прва година ќе се запишат 340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:

-Гимназиско образование -170 ученици, 5 паралелки, 60 минимум поени

-Машинска струка – 68 ученици, 2 паралелки – машински техничар 4 год. тр. 34 ученици, 1 пар. 45 мин. поени автомеханичар – 3 годишно траење 34 ученици, 1 пар. 30 минимум поени;

-Електротехничка струка– 34 ученици, 1 паралелка -електротехничар за компјутерска техника и автоматика -4 годишно траење за 34 ученици, 1 пар. 55 минимум поени;

-Угостителско – туристичка струка-34 ученици, 1 паралелка -готвач/келнер – 3 годишно траење за 34 ученици , 1 пар. 30 мин. поени

-Текстилно-кожарска струка – Конфекционер -3 годишно траење за 34 ученици, 1 пар. 30 минимум поени

 УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ:

Запишување на учениците во учебната 2019/20 да се врши под услови и на начин утврден со Законот за средно образование, Законот за стручно образование и обука, Конкурсот за запишување ученици…и овој оглас.

Бесплатен превоз на учениците кои ќе се запишат во прва година, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината односно регионот од каде доаѓа.

Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо. Услови за запишување на учениците се : -да имаат завршено основно образование; -да не се постари од 17 години; -да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование; a) гимназиско образование; -природно-математичко подрачје (комбинација А) 2 2 -природно-математичко подрачје (комбинација Б), -општествено-хуманистичко подрачје (комбинација А), -општествено-хуманистичко подрачје (комбинација Б), -јазично-уметничко подрачје (комбинација А), -јазично-уметничко подрачје (комбинација Б) б) стручно образование и обука, – машинска струка машински техничар, четиригодишно траење; автомеханичар, тригодишно траење ; -електротехничка струка -електротехничар за компјутерска техника и автоматика -угостителско –туристичка струка -готвач/келнер -Текстилно-кожарска струка Конфекционер, тригодишно траење – да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој оглас. Ученици од ромската етничка заедница може да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените прдвидени согласно огласот за соодветни наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во училиштето.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:

При пријавување учениците треба да ги поднесат следните документи.

-пријава за запишување која ученикот ја подигнува во училиштето и е бесплатна;

-оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

-диплома од освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари и државни натпревари по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје

-извод од матична книга на родени (без оглед на датумот на издавање)

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ

Пријавување и запишување на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, две пријавувања во месец јуни и едно пријавување во месец јули.

Прво пријавување и и запишување на учениците ќе се врши на 17 и 18 јуни 2019 година а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 19 јуни 2019 година. Доколку во училиштето се пријават поголем број ученици од планираниот број, со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предмети значајни за струката и тоа на 21 јуни 2019 година а резултати ќе се објават на 29 јуни 2019 година. По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа. Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2019 година а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2019 година. Третото пријавување и запишување ќе се врши на 1-ви јули 2019 година а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 02.07.2019 година. Доколку има слободни места, на 26.08.2019 година ќе биде запишување за учениците кои се упатени на поправен испит, испит на година 3 3 или испит за побрзо напредување и тоа со доставување соодветна доказна документација. 5. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР Критериуми за избор на учениците се: -среден успех на ученикот од VI-IX одделение; -среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката); – диплома од освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерството за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје -средна вредност од поени добиени за поведение; За средниот успех од VI-IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од VI,VII, VIII и IX одделение се собира, се дели со четири и истиот број се множи со коефициент 10). За средниот успех од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет). За освоено место од меѓународни и државни натпревари може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари -5 поени, за освоено место од државни: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место. На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени. За средната вредност од поените за поведение од VI-IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени (примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поен и незадоволително поведение со 0 поени. Средна вредност е збирот од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4). Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени. За учениците кои деветто одделение го завршиле во Република Македонија, а едно, две или три одделенија VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветтото одделение и важат истите критериуми за избор на учениците дадени погоре . Училиштето препорачува: -документите да не се праќаат по пошта; -пријавувањето се врши лично од ученикот т.е. родителот или старателот; Училиштето напоменува; -доколку има слободни места, училиштето на огласна табла ќе го огласи бројот на слободните места и утврдениот минимум поени согласно наведеното во огласот под реден број 4. Составен дел на огласот е прегледот на наставни предмети од основното воспитание и образование кои се предвидени во критериумите за избор на ученици.

Инаку Средното училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка ие прогласено за најбезбедно и најчисто училиште во учебната 2017/2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e