Сообраќајна несреќа се случи утринава на кривопаланечката обиколница, откако возило со бугарски регистрациски таблици изгуби контрола на кривопаланечката обиколна на патот кон Бугарија.
Од она што се гледа од фотографијата, возачот откако изгубил контрола над возилото тоа удрило во потпорниот ѕид од левата страна на коловозната лента по што завршило на десната страна на пешачката патека.
Во моментов полицијата го обезбедува местото на несреќата и го регулира сообраќајот на магистралниот пат.