Сообраќајка на патот Охрид-Ресен кај Буково – Едно лице повредено

Едно лице е повредено во сообраќајната несреќа што утрово се случи на патниот правец Охрид – Ресен, на планинскиот превој Буково.

Во сударот учествувале товарно возило и автомобил Ауди со кавадаречки таблички.

Поради незгодата, сообраќајот на овој патен правец е во прекин веќе еден час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e