Вчера попладнето во 15:40 часот на регионалниот пат Радовиш – Штип, кај подвозникот од локалниот пат од бања Кежовица, на место викано „Калимерово“, се случила сообраќајна несреќа.
Имено, 66-годишниот С.И. од село Градец, Крива Паланка, управувајќи патничко моторно возило „Ровер“ со струмички регистарски ознаки излетал надвор од коловозот и се превртел. С..И. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот.