Во текот на вчерашниот ден во 12,00 часот било пријавено дека во Крива Паланка, на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, патничко моторно возило „Опел корса“ со кратовски регистерски таблици, управувано од Е.Г.(45) од Крива Паланка, удрило во паркирано товарно моторно возило „Ивеко“ со бугарски национални ознаки, паркирано од З.Р.(52) од с.Петралница-Ранковце.
Во незгодата Е.Г. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствениот дом “Крива Паланка“, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. Се работи на целосно расчистување на случајот.