Со голема чест, но и одговорност, денеска, ја примив функцијата градоначалник на општина Бутел. Во ова мое прво обраќање како градоначалник на општина Бутел, сакам од срце да им се заблагодарам на граѓаните за поддршката и довербата која ми ја дадоа на мене и на мојот тим. Ветувам, ќе ги реализираме ветените проекти, ќе работиме одговорно и вредно. Наредните четири години ќе ја водам општина Бутел во нови успеси. Мојот кабинет секогаш ќе биде отворен за проблемите на граѓаните, нивните идеи и забелешки. Задно ќе ја градиме иднината на нашиот Бутел.
Да обезбедиме подобар и квалитетен живот за сите! – напиша на Фејсбук, градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски.