Скопјанец тешко повреден по пад од мопед

Во текот на вчерашниот ден во 11.30 часот на крстосница од улиците „Архитект Никола Добровиќ“ и ул. „Христо Татарчев“ во Скопје, мопед „Гилера сталкер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(38) од Скопје, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил С.И. кој бил пренесен во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e