Иван Конзулов, син на градоначалникот на општина Радовиш Герасим Консзлов, го демантира обвинувањето дека тепал и повредил бивш член на СДСМ и тоа во штабот на СДСМ.
“Станува збор за спинување и ширење на лаги во текот на кампањата за претседателските избори. Здравко Стоилов, лицето кое обвинува, претходно добиваше финансиска помош и храна токму од мене. Откако престана истата финансиска помош и добивањето на храна, лицето кое глуми жртва во случајот, преминува во ВМРО – ДПМНЕ каде ја добива истата помош која ја добиваше и предходно од моја страна.
Конзулов, вели дека тој помошта кон ова лице ја прекинал откако дознал дека парите ги трошел на алкохол и психотропни супстанци и дека сега ова лице, изманипулирно од страна на ВМРО – ДПМНЕ и заради помошта сега му ја даваат за истите работи за кој тој ја прекинал помошта, шири измислени лаги за СДСМ кои немаат врска со реалноста.
Конзулов најостро ги осудува овие провокации и ги повикува членовите на ВМРО – ДПМНЕ кои стојат позади оваа креирана ситуација да не се служат со вакви ефтини трикови и да дозволат полициската истрага да го расчисти случајот.