Синот го ширел вирусот, но и таткото па заразил медицинска сестра од домашна посета

Медицинската сестра од Домашна посета била заразена со коронавирус од лице кое во Итната медицинска помош побарало да му биде ставена ампуларна терапија и инфузија, но кога бил прашуван по телефон, не кажал дека очекува резулати за КОВИД-19, дали имал контакт со луѓе од странство, ниту дали има сомнителен или заболен член семејството. Настанот се случил пред 15 дена, а станува збор, за лице од потесното семејство на Ф.К кој доби кривична пријава затоа што не се придржуваше на мерките за самоизолација и при тоа заразил многу луѓе, вклучително и членовите на неговото семејство, објави НОВА.

„Лицето се јавило на 194 и побарало да му се даде ампула „Лендацин“ и физиолошки раствор. Од страна на диспечерот бил прашан дали имал контакти со лице кое има сиптоми или е заразено или пак со лица од странство, но не дал таков податок. Тогаш повикот бил пренасочен на службата за Домашна посета. Кога екипата дошла во неговиот дом тој и сопругата биле со маски и дури на сред аплицирање со инјекцијата кажал дека за два часа очекува резултат од тестот. Мединската сестра, лекарот и возачот кои биле присутни таму, останале во шок“, изјави за НОВА Милица Бубало раководител на Итната медицинска помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e