Скопската полиција поднесе кривична пријава против Ж.Г. (33) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“.
Според информациите од полицијата, на 17-ти месецов околу 21:00 часот на улицата „Каирска“, пред семејниот дом, пријавениот го ставил во возило и физички го нападнал неговиот татко, З.Г. (67) од Скопје.
Исто така наредниот ден (18.10.) околу 03:00 часот додека З.Г. одел кон тоалетот, пријавениот станал и повторно физички го нападнал, со раце и метална шипка, по што му се заканил да не кажува никому и да не излегува од дома.
На 20-ти октомври З.Г. конечно успеал да излезе од домот и случајот го пријавил во полициска станица.
На пријавениот му е изречена мерка куќен притвор во траење од осум дена.