Шилегов: МПЦ ќе биде казнета ако наплатува паркинг кај црквата Пресвета богородица

Ако црквата продолжи да наплатува за паркирање на плоштадот Пресвета Богородица ќе бидат казнети, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов на прашање на СДК зошто Градот дозволува пешачката зона да биде претворена во паркинг со наплата.

„Инспекциските служби на Град Скопје се излезени на лице место, комунициран е секретарот на владиката Стефан. Доколку постои една таква состојба ќе биде отстранета, во спротивно ќе изречеме казна на Македонската православна црква“, рече Шилегов.

Плоштадот Пресвета Богородица кој е пешачка зона пред истоимената црква во Скопје е претворен во паркинг, на кој за паркирање наплатува црквата, но полицијата не казнува за погрешно паркирање. За месечно паркирање се плаќа 1.000 денари, кои се уплаќаат како донација на црквата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e