Шилегов: Директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска соопшти дека дирекрот на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“ Сенад Смаиловиќ – Сенко денес е разрешен од досегашната фунција, откако и официјалните институции потврдија дека дека бил фатен со кокаин.
На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, – стои во билтенот на МВР.

„Дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП Улици и патишта – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција.“ – напиша Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e