На 04.05.2022 во 19.46 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Пакошево, скопско, настанал пожар во автобус сопственост на ЈСП, кој сообраќал на релација с.Ново Село-с.Зелениково.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од Пoлициската станица Драчево.