Се прошируваат капацитетите на ОЈУДГ “Детелинка” во Крива Паланка

Општина Крива Паланка во изминатиот период потпиша договор со Министерството за труд и социјална политика и фондацијата “Отворено општество” за реализација на проектот за пренамена, адаптација и проширување на капацитетите на ОЈУДГ “Детелинка”. За таа цел, Градоначалникот на општината, Мицевски и претставниците од локалната управа, како и изведувачот на градежните активности во присуство на Директорката, извршија контрола на активностите кои се одвиваат во рамки на проектот.

56697153_2175149175871594_229581816040783872_n

Општинската јавна установа детска градинка “Детелинка” досега имаше проблем со капацитетот на сместување и згрижување на децата од предучилишна возраст. Проширувањето на капацитетот на градинката во општината беше и повеќе од неопходен. Во Општина Крива Паланка постојат само три објекти (градинки) за најмалите: “Пролетна роса”, “Поточиња” и “Виножито”. Во периодот што следи, најпрво ќе се работи на проширување на капацитетите на објектот “Пролетна роса” во наслеба Житни на улица “Јоаким Осоговски”. Во споменатиот објект досега беа згрижени 180 деца, а со проширувањето ќе се овозможи згрижување на уште 40 деца. Всушност, идејата со проширувањето е да се формира една група за дечиња во градинка и една целодневна школска група – изјави Мирка, директорка на ОЈУДГ “Детелинка”.

56850391_166054297672152_4892076180888354816_n

Според договорт за реализација на овој проект ќе бидат инвестирани 2 милиони денари, и тоа, 1 милион денари за изведување на градежните активности и 1 милион денари за внатрешното уредување со мебел и друга опрема потребни за немената на градинката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e