Се испитуваат причините за смртта на 25-годишната студентка до Косово во Тетово

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала, информираа од Обвинителството.

-Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело. Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините, информираат од Обвинителството.

Безживотно тело на младо женско лице е најдено синоќа помеѓу зградите спроти Центарот за социјални работи во Тетово. По пријавата до СВР Тетово, беше почнат е увидот од страна на полицијата, а на местото беше и јавен обвинител.

Според првичните неофицијални информации, станува збор за девојка од Косово, која студирала во Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e