СДСМ Велес: Градската куќа е уште едно лажно ветување на Чадиев

Прес конференција 
Маријанчо Јорданов, секретар на ОО СДСМ Велес
Велес, 18.09.2017
Почитувани граѓани,

Пред точно седум месеци на ова истоместо алармиравме дека Чадиев дава само празни ветувања и ништо друго. Истиот оној Градоначалник кој што сега повторно бара мандат од граѓаните на Велес.

Се наоѓаме пред објектот на поранешниот Официрски дом.

Овој објект е сопственост на Општина Велес и до сега одамна требаше да биде ГРАДСКА КУЌА, според ветувањата на Чадиев.

Но и од ова ветување нема ништо. Објектот стои руиниран и во внатрешниот и во надворешниот дел, Велес се уште нема Градска куќа и редно е пред само неколку месеци од истекот на мандатот на Господинот Чадиев, да го прашаме

– Господине Чадиев, каде е Градската куќа што им ја ветивте на Велешани ?

– До кога овој објект ќе го груби лицето на градот ?

– Дали и ова е уште едно од многуте ваши лажни ветувања?

Господине Славчо Чадиев,

Кварталниот извештај за 12 – те месеци работење на Општина Велес во 2016 година покажа огромни ненаплатени долгови на општината од над 76 милиони денари, односно над 1.200.000 евра.

Кога го делевте отчетот пред граѓаните на Велес за сработеното заборавивте или намерно не го вметнавте финансискиот дел .

ЗАБОРАВИВТЕ ДА ИМ КАЖЕТЕ НА ВЕЛЕШАНИ колку ја задолживте Општината, да кажете колав е долгот на општината ? Заборавивте ли да кажете колку проекти од вашата книга на ветувања, односно вашата изборна програма не реализиравте?

Крајно време е да им кажете на граѓаните на Велес со колкав долг ќе ја оставите Општина Велес по само неколку недели, кога и ви завршува мандатот.

Господине Чадиев, Велешани запишаа и запамтија – ГРАДСКА КУЌА – ВЕТЕНО И НЕОСТВАРЕНО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e