Еден од поголемите капитални проекти кој е дел од програмата на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип, Благој Бочварски, е изградбата на СРЦ “Суитлак”.
“Младите да спортуваат, децата да се забавуваат, возрасните да се рекреираат. Тоа ќе го овозможиме со изградба на СРЦ „Суитлак”, кој се планира да се протега од паркот К’ртеке до викенд населбата Суитлак. На падините на Суитлак ќе ги споиме природата, спортот и рекреацијата на едно место надвор од градскиот метеж. Со својата убавина, функционалност и важност, овој спортски центар ќе стане симбол на нашата општина.” – најавуваат од СДСМ Штип.
Во Основниот проект за изградба на СРЦ се планирани следниве содржини:
-Сала за боречки спортови опремена со фитнес центар
-Повеќенаменски спортски игралишта со пропратни содржини
-Аквапарк за најмладите.
-Затворен базен
-Отворен базен
-Нова велосипедска патека која ќе се протега од Мултимедијалниот центар до Аква Паркот.
-Мултимедијалниот центар, кој патем речено воопшто не се користи, ќе прерасне во инфо-центар за граѓаните, посетителите на СРЦ и ќе служи за изнајмување на велосипеди и спортски реквизити.
-Нови содржини за настава во природа во парковата површина К’ртеке.
-Целиот комплекс ќе биде бесплатна општинска интернет зона.
Мултифункционалниот карактер на овој комплекс ќе овозможи:
-Создавање услови за спорт и рекреација на граѓаните на град Штип.
-Создавање улови за спортска едукација на најмладите
-Подобрување на квалитетот на спортот
-Создавање услови за настава во природа за учениците