“Создавање поквалитетен живот на секој граѓанин за нас е врвен приоритет. Оттаму, гасификацијата на Штип е еден од најзначајните проекти кој директно ќе влијае на намалување на трошоците за греење на секое домаќинство, секоја јавна институција и приватна компанија.
Со оваа мерка граѓаните ќе имаат бенефит 40-50% помали сметки за греење.
Со изградба на 20 километарски градски гасоводни линии ќе обезбедиме пристап до овој еколошки и економски исплатлив енергенс до сите заинтересирани корисници.
Во прва фаза ќе изградиме гасоводна градска мрежа до урбаните делови и транзитни краци до индустриските зони.
Во следната фаза ќе продолжиме со приклучоци на секое заинтересирано домаќинство.
Со воведување на природниот гас ќе се создадат услови за:
-Поголема економичност во работењето во индустријата, намалена потрошувачка на енергенси, зголемена продуктивност, намалување на трошоците за инвестиции.
-Привлекување нови инвеститори
-Намалување на трошоците за греење на домаќинствата
-Намалена емисија на штетни гасови во атмосферата
-Намалена нелегална сеча на дрва, што е особено важно за зачувување на постојниот шумски фонд, кој во Општина Штип е на сосема ниско ниво.” – стои во соопштението од ОО на СДСМ Штип, како дел од мерките од изборната програма на нивниот кандидат, Благој Бочварски.