СДСМ Пробиштип: Тони Тоневски за две години се збогатил за 200.000 евра

Реакција на прес конференцијата на Тони Тоневски од 11.09.2017год.
Симона Јованова, портпарол на ОО на СДСМ Пробиштип
13.09.2017 година

Почитувани граѓани,

Градоначалникот ТОНЕВСКИ во понеделник едвај успеа да го прочита сопствениот прес кој одеше на кајрон пред неговите очи, бидејќи и самиот повеќе не верува во тоа што го чита, односно зборува.

Притоа користеше зборови како ОДГОВОРНО , ДОМАЌИНСКО и ПОСВЕТЕНО работење, зборови кои искажани од неговата уста немаат ама баш никакво значење.

ТОНЕВСКИ да бидеме на чисто, отчетот за сработеното сите овие години се гледа од Вашиот Анкетен лист за имотната состојба на функционерите, лист кој граѓаните можат да го видат на страната на Државната комисија за спречување на корупција.

И навистина за Вашите два мандати добро сте сработиле за себе и за својата потесна но и поширока фамилија што се гледа од следново:
Значи, си купил:
– стан со помошни простории од 82 м2 во Скопје во 2015 за 4.162.725 ден
– деловен простор од 82м2 купен во 2015 во вредност од 1.660.500 ден
– деловен простор од 418 м2 купен во 2016 за 3.000.000 ден
– земјиште под објект 440 м2, купен во 2016 за 107.800 ден
– автомобил Голф 7 купен во 2016 за 821.025 ден
– автомобил Опел Адам купен во 2016 за 500.580 ден
– и трансакциона сметка во износ од 2.000.000 ден на Ваше лично име

Или за две години си се збогатил за вкупно 12.252.630 или приближно 200.000 евра.

Секоја чест! Посветено и домаќински.

Сите овие зголемувања на личниот имот на вредениот ни Градоначалник се направени во периодот од само две години додека за останатите ќе ве информираме дополнително.

Денес исто така, нема да навлеземе во начинот и постапката, како и сумата за која и овозможил на неговата сестра да го купи плацот за нивната семејна куќа на ул. Нада Михајлова.

Ете затоа почитувани граѓани, по кој знае кој пат ТОНЕВСКИ не дава одговор каде се парите од продажбата на плацови и недвижности, сопственост на општина Пробиштип во износ од 1 милион и 700 илјади евра, пари кои согласно законот беше должен да ги вложи во капитални инвестиции.

НАПОМЕНУВАМЕ,
Ова и се друго ќе биде предмет на Ревизија од надлежен одрган за тоа како се трошеле Нашите пари.ОДГОВОРНОСТ ќе има!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e