“Нашата цел е да обезбедиме живот за сите. Во предходниот период ги посетивме сите граѓани и домаќинства за да го презентираме планот за живот во Пробиштип. Ветивме дека ќе се залагаме за подеднаков развој на сите месни заедници и населби во Пробиштип.
За населба Карпош во нашата програма предвидуваме:
- Изградба на тротоари на ул. „Никола Карев“ од вкрстување на ул. „Тодор Александров“ до градските гробишта
- Санација на осветлувањето на ул. „Никола Карев“
- Целосна санација на ул. „Христијан Т. Карпош“
- Осветлување на ул. „Христијан. Т. Карпош“
- Целосно реновирање на ул. „Тодор Александров“ од акумулаторските згради до новото училиште
- Реконструкција на осветлувањето на ул. „Тодор Александров’ од акумулаторските згради до новото училиште
- Уредување на патеката помеѓу ул. Јоаким Крчевски и ул. „11-ти Октомври“
- Хортикултурно уредување на ул. „Јаким Стојковски“ меѓу ул. „11-ти Октомври“ и ул. „Никола Карев“, се вели во соопштението на СДСМ Пробиштип.