СДСМ Пробиштип: Реконструкција на “Злетовско поле”, пат до Пониква, чиста вода и развој на спортот во Злетово

“Општинската организација на СДСМ и нашиот кандидат за градоначалник, Драган Анастасов силно се залагаат за развој на сите населби. Граѓаните на Злетово како дел од Општина Пробиштип заслужуват да  живеат во современо и урбано место со добар квалитет на живот” велат од СДСМ Пробиштип.

Во нивната програма имаат предвидено квалитетни и издржани проекти со кој ќе се подобри животот на граѓаните на Злетово.

За жителите на Злетово во програмата на кандидатот Анастасов е предвидено:

  • Реконструкција и одржување на Пешка
  • Проект за атмосферска вода кој со врнежите на дожд се слеваат во Злетово
  • Реновирање на училишното игралиште (асфалт и спортски реквизити), реконструкција на фудбалското игралиште, реновирање, ставање во функција на постојните објекти со нови содржини
  • Довршување на објектот градски базен, изградба на тениско игралиште и простор за забава на младите
  • Целосно оспособување на спортската сала ИЛИНДЕН со водовод и канализација и овозможување нејзино бесплатно користење
  • Планинарскиот пат за Пониква да се врати трасата низ Злетовоzletovo
  •  Целосна реконструкција на некогашниот проект „Злетовско поле“, за наводнување на земјоделските површини од Злетово до Ратавици
  • Планинарскиот пат за Пониква да се врати трасата низ Злетово
  • Реновирање и одржување на домот на културата во Злетов, проширување на плоштадот и изградба на детско катче
  • Реконструкција на тротоарите од Десетско гумно до Рибар
  • Овозможување на 24-часовно присуство на припадници на МВР со постојна канцеларија
  • Асфалтирање на дел од патот што не е асфалтиран до с. Рајчани, Вендолскиот пат да се поврзе со Коритница, а во урбаниот дел да се асфалтираZletovo_8
  • Реновирање на постојниот пазар, со изградба на санитарни објекти, уредување на автобуска постројка кај пошта и Десетски гуми и воведување редовна автобуска линија Злетово – Пробиштип
  • Поефикасно вклучување на МЗ за решавање на сите локални проблеми во Злетово и понесување
    одговорност за сите недостатоци во досегашните активности на раководството
  • Проект за атмосферска вода во горно мало Злетово, и поврзување на цевководот за водоснабдување на Злетово со филтер-станицата во Пробиштип се вели во соопштението на СДСМ Пробиштип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e