СДСМ Пробиштип: Реконструкција на ул. “Димитар Влахов”, подобро осветлување, уредување на тротоари и чешми во населба Калниште

Во Недела, на  29 Октомври ќе се оддржи вториот круг од локалните избори за градоначалници. Интересно се очекува да биде и во Општина Пробиштип каде силите ќе ги одмерат кандидатите на двете најголеми македонски партии, владеачката СДСМ и опозициската ВМРО -ДПМНЕ.

Општинската организација на СДСМ Пробиштип и нивниот кандидат, Драган Анастасов во програмата предвидуваат и развој на приградските населби со цел како што велат, да обезбедат живот за сите граѓани на општината.

Една од овие населби е и населба Калниште кое во историјата, некаде од крајот на 19 и целиот 20 век имало значајна историска и стопанска улога.

Нивните проекти за оваа населба се: 

  • Реконструкција на улицата од старото школо до старо Калниште со потпорен ѕид  и целосна реконструкција на училишниот двор на училиштето „Никола Карев“ во кое ќе биде направено и хортикултурно уредување
  • Реконструкција и осветлување на мостот во старо Калниште  како и уредување на речното корито
  • Целосна реконструкција на ул. „Димитар Влахов“ од Миро Бор до градски гробишта и асфалтирање на патот меѓу двете чешми во старо Калниште
  • Изградба на тротоари и осветлување на улиците во населбата „Камењар“ , на ул. „Кочо Рацин“ ( од црквата до градските гробишта) и уредување на пешачка патека од ул. „Кочо Рацин“ до старо Калниште
  • Санација на чешмата во населба Калниште кон Леговец и уредување на просторот, уредување на чешмата во старо Калниште
  • Хортиклутурно уредување со изградба на летниковци околу црквата „Св. Илија“ на МВ Крст
  • Модернизација на осветлувањето во старо Калниште

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e