“На нас, и нашиот кандидат Драган Анастасов ни се важни сите луѓе. Паралелно ќе работиме на развој на сите месни заедници и граѓаните кои живеат токму во овие населени места. Во програмата предвидуваме квалитетни проекти за подобар живот на сите граѓани од месната заедница Стара Населба.
Дел од проектите предвидени за оваа заедница се:
- Тротоари и санација на осветлувањето на ул. „3-ти Април“, ул. „Плавица“ , ул. „Доне Божинов“ и ул. „Кочо Рацин“
- Изградба, реконструкција на тротоарите и осветлување на дел од улицата „Јордан Стојанов“
- Осветлување на улицата од градските гробишта до конфекцијата „Протекст“ и уредување на гробиштата
во населбата Калниште и реконструкција на трпезаријата - Санација на ударните дупки на коловозите
- Осветлување на патеката од „Илинденска“ до „Доне Божинов“ (пензионерски дом) со покривање на отворениот канал
- Целосна санација на бараките на „Доне Божинов“ за достоен живот на станарите, расчистување и целосно средување на просторот под дрвените мавровски бараки
- Осветлување на повеќенаменското игралиште на Спомен-паркот и Реконструкција на спортски игралишта во населба „Камењар“
- Санација на скалите кон стара амбуланта и поставување ракофат
- Хортикултурно уредување на ул. „Кочо Рацин“ (месност Шилег)
- Уредување на пешачка патека „Стар калнишки пат“ кон Леговец, велат од СДСМ Пробиштип.