Се убаво напишал Игорче за Равна Река и убаво го известиле, само заборавиле да му кажат дека во негово време се изградија три грдосии од хидроцентрали во сопственост на Мицко и други негови пајташи, реагираат од СДСМ Пехчево на објавата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Со изградбата на хидроцентралите се уништи целиот еко систем, речната пастрмка и речниот рак повеќе ги нема,уништени и отсечени се дрвјата околу реката, песокот се украде, патот до горе стана речиси непрооден.
Кога се градеа хидроцентралите имаше луѓе што протестираа ама по кратка постапка беа приведени во полиција..
Така да господине Игор Јанушев, дојдете вие во Пехчево и ЛЕТУВАЈТЕ во Равна река во апартманите, читај хидроцентралите на Мицко,кој патем речено не е пожелен во Пехчево…порачаа од СДСМ Пехчево.