СДСМ на средби со граѓани на Кр.Паланка: Граѓаните ги препознаа вистинските вредности за кои се залагаме и работиме во нивен интерес

„ Жителите на Крива Паланка се сеќаваат дека до пред две години нашиот регион беше заборавен и изолиран но затоа пак сега со Владата предводена од СДСМ со бројни мерки и активности овде се реализираат бројни проекти вредни стотици милиони евра.Се грижиме, помагаме но и инвестираме во инфраструктура за секој, рече во своето обраќање градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски на отворањето на Месните штабови во населбите Белево и Скрљава.

IMG_8751

Градоначалникот Мицевски информира дека на 6 ти феврури во посета на Крива Паланка ќе дојде Евроамбасадарот Семјуел Жбогар со што и официјално ќе се означи стартот на изградбата на третата лента на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир, проект кој чини 10 милиони евра.Тој рече дека има најава за обезбедени средства во висина од 140 милиони евра за железничката пруга, 12 милиони евра за рехабилитација на патот Ранковце – Крива Паланка , 40 милиони евра за рехабилитација на целиот патен правец од Куманово кон Крива Паланка.Тоа,според него, значи дека градот во следните неколку години ќе биде централна точка на Коридорот помеѓу Софија и Скопје, помеѓу Црно Море и Јадранско Море со што ќе се придонесе за развој на економијата , стопанството, со нови работни места и нови вработувања.

IMG_8682

„ Локалната самоуправа ја затекнав со долг од скоро 70 милиони денари од кој сеуште враќаме, ги вративме заостанатите долгови кон доверителите, кон наши фирми од градов за извршени услуги а неисплатени. Сега го нема УЈП, го нема политичкиот притисок, го нема рекетот врз фирмите кои и така едвај преживуваа во изминатиот период  а за сметка на тоа сега има окрупнување на капиталот, работни места и поголеми плати за вработените. Изминативе две години се инвестира во руралната патна инфраструктура како никогаш досега , лани инвестиравме во патните правци кон село Осиче ,10 км кон село Метежево, Огут ,инвестиравме и во 11 км пат кон село Луке, ќе продолжиме и оваа година со спојување на овие патни правци со граничните премини кои се влезени во годишната програма“, изјави Мицевски.

IMG_8676

Првиот човек на градот, информира дека се градат патишта во Голема Црцорија, Конопница,Трново, лани инвестирале во водоводен систем во село Луке, оваа година аплицирале за водоводен систем и секундарна мрежа за водовод во село Конопница ,набавена нова механизација во ЈП Комуналец .

„ Работиме на затворање на градската депонија  и преселба на истата надвор од градот, проект вреден 36 мил евра од кои дел се од ЕУ ,се работи и на други проекти, улица која ќе води кон Калин Камен преку Црвена нива , нов патен правец за избегнување на свлечиштето во село Станци ,пристапна улица кон градските гробишта . Обезбедени се 11 милиони денариза проект поднесен до Бирото за регионален развој за изградба на тротоари од десната страна од раскрсницата кај технички преглед до старата чаршија односно до сферното огледало , за побезбедно движење на учениците кон ООУ Илинден и кон центарот на градот , вччера имавме разговори и шансите се 99,99% дека овој проект ќе се реализира“, потенцира градоначалникот Боранчо Мицевски.

IMG_8674

Тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ само заради теснопартиски интереси, ги блокира сите проекти кои се во интерес на граѓаните и за рехабилитација на институциите. Граѓаните тоа го знаат и затоа на 12 април ќе се изјаснат против сите нивни штетни политики.

„СДСМ е отворена за сите граѓани, заедници, на следните избори на листите ќе има 50:50 мажи:жени претставници од сите заедници a нашата визија е градење на вистинско праведно општество за сите. Укинато е екстерното тестирање, донесен е нов Закон за образование, просветните работници добија зголемување на платите за 21%, се инвестира во инфраструктурата, учениците и наставниците да имаат подобри услови а целта е да создадеме образовен систем кој ќе биде генератор на нашиот општествен и економски развој“, порача претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска.

Шефот на Изборниот штаб на СДСМ Крива Паланка, Сашко Митовски посочи дека решавањето на статусот на стечајните работници, растот на минималната плата, субвенционирањето на придонесите за плати, растот на платите во низа сектори се дел од законските решенија кои се донесоа и реализираа, а директни придобивки имаат граѓаните.

IMG_8677

„ Вкупно 154 милиони денари инвестираме во здравство, образование и социјална заштита, имаме поврат на ДДВ, повисоки плати за вработените во Армијата. Нашата визија е родова еднаквост, да ја искорениме сиромаштијата, да ги подобриме здравјето и благосостојбата на сите граѓани. Тоа е наша одговорност кон идните генерации. Над 106 илјади вработени за последните 2,5 месеци добија повисоки плати, благодарение на мерката за субвенционирање на придонеси за покачување на плати. Од идниот месец пензионерите ќе земат за 700 денари повисока пензија кои ќе влезат во основицата на пензијата, а до крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека годинава пензиите ќе пораснат за околу 900 денари, рече пред присутните Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e