СДСМ Кр.Паланка: Затворениот базен, уште едно во низата празни ветувања на Алексовски

Арсенчо Алексовски, за време на првиот мандат вети дека ќе ја доврши започнатата спортска сала, а во вториот мандат ветуваше дека таа ќе прерасне во модерен базен од затворен тип.

За жал денес, после осум години владеење на Алексовски не се оствари ниту првото ниту второто негово ветување. Овие предизборни ветувања на градоначалникот во заминување останаа само лаги со кои манипулираше пред секои избори.

Додека младите луѓе и спортски клубови очекуваат бесплатни и функционални спортски терени и простор за рекреација, оваа карабина платена со пари на граѓаните со текот на годините се распаѓа и прераснува во градска депонија.

16924248_10212386056706212_1405882460_n

Затоа на Крива Паланка и се потребни промени. По промените на централно, доаѓаат промени и на локално ниво.

На 15 Октомври Арсенчо Алексовски ќе го испратиме во политичката историја. Крива Паланка ќе добие градоначалник и советници какви што заслужува, тим кој ќе спроведе реформи на спортски, социо-економски и културен план а нашата општина ќе стане посакувано место за живеење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e