СДСМ Кр.Паланка: Заради лажните ветувања на Алексовски, граѓаните сеуште пијат вода со сомнителен квалитет

“Арсенчо Алексовски во својата изборна програма од 2013 вети дека до крајот на 2015 година целосно ќе ги замени сите азбестни цевки за вода на територија на општината за граѓаните да можат да добијат чиста и пивка вода за пиење, ветување кое како и многу други останаа само на хартија.

azbestni cevski

Граѓаните со право стравуваат дека водата за пиење не е чиста и е полна со канцерогени честички кои се еден од причинителите за добивање на канцер, жолтица или камен во бубрег.

Наместо да се зафати со решавање на проблемот, Алесковски, во ЈП Комуналец, институцијата која е директно одговорна за квалитетен дотур на вода, постави директор кој наместо од парите кои се собрани преку и онака покачените сметки за комунални услуги,  да направи замена на азбесните цевки, тој купуваше душеци и фенови и трошеше на скапи  “деловни” ручеци.

Вака не се води општина и вака не се решаваат проблемите.

После 15 октомври, на власт во Крива Паланка доаѓа нов тим на млади и искусни луѓе, нова локална власт која ќе направи целосна замена на азбесните цевки и ќе инвестира во нова филтер станица за хемиско прочистување на водата за граѓаните да имаат чиста и пивка вода за пиење”, се вели во соопштенито на СДСМ од Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e