СДСМ Кр.Паланка: Алексовски повторно со истите неостварени ветувања од 2013г

“Денеска сме сведоци  на уште едно ново, лажно ветување на градоначалникот во заминување, Арсенчо Алексовски.

Алексовски се шета по населбите во Крива Паланка и ветува дека по главната градска улица ќе направел тротоари за да учениците и пешаците оделе безбедно, ветување кое исто така беше дадено и во неговата изборна програма од 2013 -та година.

pateka-1

Наместо тоа, на улиците владее сообраќааен хаос кој тој не успеа да го реши за време на неговиот осумгодишен мандат, напротив и самиот е учесник во узурпацијата на тротоарите, со неговите скапи џипови.

Господине Алексовски, вашето време како градоначалник завршува. Кај граѓаните веќе одамна сте прочитани. Затоа на 15 Октомври ќе ве казнат за сите лажни и неостварени ветувања.

Почитувани сограѓани,

Новата локална власт предводена од СДСМ ќе направи нови тротоари за безбедно движење на граѓаните и ќе го реши проблемот со паркинг хаосот со неколку парк зони во кои ќе може да се паркираат возилата, за непречено и побезбедно движење на сообраќајот”, се вели во соопштението на СДСМ Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e