Со кандидирањето на старо новиот градоначалник Арсенчо Алексовски, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека нема никаков демократски капацитет туку им е важно на вакви високи функции да кандидираат лица кои го следат лидерот Груевски во криминалното и расипничко владеење.
Вчерашната кривична пријава која МВР му ја поднесе на градоначалникот во заминување Алексовски, покажа дека овој човек ја злоупотребувал функцијата дадена од граѓаните.
Наместо да работи во интерес на граѓаните, Алексовски заедно со директорот на ООУ “Јоаким Крчовски” Драган Ристовски и претседавачот на совет, Борче Стојчевски, нанеле штета директно врз буџетот на Република Македонија.
Продолжената рака на Груевски, Арсенчо Алексовски ги брои последните денови од неговиот мандат.
Граѓаните на 15 октомври ќе ја казнат погубната политика на локалните шерифи, криминалот и корупцијата и ќе изберат нова локална власт која чесно и одговорно ќе пристапи кон решавање на нивните проблеми, стои во рекацијата од СДСМ.