Вчерашниот настан во кој вербално и физички беше нападнат наш активист од страна на насилници од ВМРО-ДПМНЕ ја покажа нервозата и стравот на Арсенчо Алексовски и неговите неколкумина послушници од поразот кој ќе им се случи на 15-ти октомври.
Алексовски и неговите приврзаници треба да разберат дека законите во Р.Македонија важат за сите подеднакво. Така и за нив. Помина времето кога преку контролирање на МВРО-ВМРО ги плашеа и уценуваа граѓаните.
Како СДСМ ја охрабруваме полицијата да го истражи настанот до крај и насилниците од ВМРО-ДПМНЕ кои без причина физички нападнаа наш активист да одговараат пред законот.
На Алексовски му порачуваме да си ги скроти оние малкумина кои му се сеуште верни послушници, бидејки со ништо нема да може да го спречи изборниот пораз кој ќе му се случи на 15-ти октомври.