ВМРО -ДПМНЕ од Крива Паланка и нивниот подмладок немаат никаков кредибилет да зборуваат ниту за младите, ниту за правдата кои 11 години ги маргинализираа, омаловажуваа и газеа.
Во нивното 11 годишно владеење направија само пустош и успеаа да иселат повеќе од 600.000 граѓани од кои најголемиот број млади, додека правдата за нив беше само на хартија, а реално уценуваа, ширеа притисоци и закани кон ониe кои што размислуваа различно од нив.
За разлика од тогаш, сега имаме различна ситуација, правдата е дојдена на широка врата, а граѓаните и компаниите се ослободени од сите форми на притисоци.
За младите пак се воведени сет на мерки како што е “младинската гаранција” која гарантираа младинско вработување и нивно задржување дома.
ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицковски и нивниот кандидат за претседател, Гордана Силјановска Давковска, не се за правда и правна држава туку се со анти НАТО и анти ЕУ политика се со цел да го заштитат криминалот на нивниот криминален шеф Никола Груевски.
За среќа, Македонија оди напред. Со Стево Пендаровски влегуваме во НАТО а во јуни започнуваме преговори со Европската Унија. Патот е започнат и враќање назад нема.”, се вели во реакцијата на СДСМ Крива Паланка.