“Почитувани,
На неколку дена од гласањето на локалните избори, кулминира нервозата кај нашиот политички опонент, Арсенчо Алексовски.
Во текот на изминатата ноќ, активисти на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка, на повеќе јавни површини во општината со пишување на бројот 19 и името на нашиот слоган и име на кандидат, се обидоа да внесат забуна кај населението и не претстават нас како партија во едно поинакво светло.
Младите послушници на Арсенчо Алексовски, не размислувајки дека прават огромна штета врз јавниот и приватен имот, ја исполнија задачата дадена од нивниот наредбодавател.
Ова е провидно сценарио кое нема да го спаси Алексовски од убедливиот пораз кој ќе му се случи во недела.
На Алексовски му порачуваме, да престане со неговите мрачни идеи и удбашки методи, со кои ги вовлекува младите активисти од таа партија во дела за кои ќе мора да одговараат.” – реагираат од СДСМ Крива Паланка.