СДСМ Кр. Паланка: Сакале или не од ВМРО-ДПМНЕ, гасификацијата во Кр.Паланка ќе биде реализирана

“ВМРО-ДПМНЕ не треба да бега од ветувањето што нивниот кандидат им го даде на граѓаните на Крива Паланка дека до крајот на 2013 година ќе се распише оглас за избор на јавно-приватно партнерство за реализација на гасификацијата во општината.

Гасификацијата во Крива Паланка ќе се реализира, го сакале тоа од ВМРО-ДПМНЕ или не.

Гасификацијата  е клучен проект на владата предводена од СДСМ и клучен проект на идниот градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Со приклучување на гасоводната мрежа граѓаните ќе заштедат повеќе пари во семејниот буџет , компаниите ќе имаат намалени трошоци а ќе се подобри бизнис климата со доаѓање на нови инвеститори.

Новата локална власт преку вакви крупни проекти ќе работи на привлекување на инвеститори кои ќе отвораат нови и добро платени работни места и нема воопшто да се плашат дали некој локален моќник ќе ги уценува или рекетира како што некои го правеа до сега”, се вели во реакцијата на СДСМ Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e