“Градоначалникот во заминување, Арсенчо Алексовски ќе остане запаметен по големиот број на ветени-неостварени проекти.
Во програмата за локалните избори 2013г, тогашниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ветуваше се и сешто. Но многу од ветените проекти останаа само на хартија, без никаква реализација.
Иако Алексовски во целиот свој досегашен мандат ја имаше поддршката од извршната власт, односно партијата на која припаѓа, раководеше со владата, неуспеа многу од ветените проекти да ги реализира.
Покрај неостварените ветувања за Гасификација, атлетска патека и трибини на стадионот, нова училишна спортска сала позади ООУ Јоаким Крчовски, затворен базен, замена на азбесно-цементните цефки, најавениот градски парк и уредување на шеталиштето по “Стара градска вада”, нови тротоари, изградба на патот до Србија преку Голеш, замена на азбесниот кров на градинките, изградбата на дом за стари лица, социјални станови во Жидилово, нема ништо ниту и од најавата за нов рекреативен парк во населба Скрљава.
Алексовски, пред четири години, на жителите од оваа населба им вети дека до 2015г ќе изгради рекреативен парк кој ќе биде лоциран зад центарот за дијализа.
Еве ја денешната слика, како изгледа местото позади центарот за дијализа. Таму нема никаков рекреативен парк, има само ураснета трева.
Но, лажните ветувања тука не застануваат, Арсенчо Алексовски вети и изградба на пристапни рампи за лица со посебни потреби. Проектот требаше да опфати изградба на пристапни рампи за лица со посебни потреби во сите институции во општината. Реалната слика е сосема различна од даденото ветување. Ова ветување за кое самиот Алексовски си даде рок до 2016г, остана целосно нереализирано.
Граѓаните на Крива Паланка, повеќе не му веруваат на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. За сите лажни ветувања, Алексовски ќе биде казнет токму од граѓаните. На 15-ти октомври, нашата општина ќе добие нова чесна и одговорна локална власт за која зборот ќе биде збор а ветените проекти ќе станат реалност.”- реагираат од СДСМ Крива Паланка.