Лажните вести кои ги пласираат од кујната на ВМРО-ДПМНЕ преку портали блиски до нив, само го потврдуваат очајот во кој се наоѓаат по поразот во првиот круг во Крива Паланка.
Немајки идеја како да ја претстават нивната кандидатка Сиљановска, која е олицетворение на транзиционен политичар, чиј маж во 90-тие, додека таа била министерка, работел со фри-шоп, еден од најпрофитабилните бизниси во тоа време, почнаа да измислуваат лаги.
Што и да прават, што и да конструираат, на само неколку дена пред молкот, нема да им помогне да го избегнат уште поголемиот пораз кој ги очекува во недела на 5 мај во Крива Паланка и целата држава, стои во реакцијата од ОО СДСМ Крива Паланка.