СДСМ Кр.Паланка: Ништо од атлетската патека и трибините на градскиот стадион што ги вети Алексовски

“Иако вети, градоначалникот во заминување, Арсенчо Алексовски по кој знае кој пат излажа.

И покрај тоа што Алексовски во пресрет на изборите во 2013-та во неговата изборна програма вети дека до крајот на 2014 година целосно ќе биде уреден градскиот стадион, вклучувајки изградба на трибини, атлетска патека, паркинг простор и уредување, неговите зборови останаа само празно ветување.

Еве што точно напиша во програмата тогашниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ:

pateka

Можеби градоначалникот се водел по логиката  “што ќе им е стадион кога нема спорт и кога нема млади”, па од таа логика мислел дека нема потреба од реализирање на ветеното”, реагираат од СДСМ.

IMG_3247

IMG_3239

IMG_3248

“Новата локална власт, предводена од СДСМ ќе го врати сјајот на спортот во градот и од градскиот стадион ќе направи место за вистинска рекреација и професионален развој на младите луѓе”, стои во соопштението на СДСМ Кр.Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e