“Градоначалникот во заминување Арсенчо Алексовски, со својата крајно неодговорна политика допринесе за огромниот одлив на млади луѓе од нашата општина.
Градоначалникот во заминување нема ниту грам совест да признае дека има огромно влијание за проблемот со одливот на кадри.
Осум години колку што е на функцијата градоначалник не направи ништо за тие да останат и тука да ја градат кариерата покрај нивните семејства. Скоро секој млад човек во нашиот град не гледа перспектива и спасот го гледа надвор од градот и државата.
Иако Алесковски ветуваше во својата програма дека ќе работи на развојот на младите од тоа не направи ништо.
Доаѓа време на промени. Направени се сет на мерки кои заедно со подршката од централната власт ќе допринесе за младите да останат онаму каде што припаѓаат, заедно со своите семејства, допринесувајки за развој на сопствената заеедница”, се вели во соопштението на општинската организација на СДСМ Крива Паланка.