Да ги оставиме поделбите зад нас и сите ние да се обединиме во нашата заедничка цел – економски просперитет и сигурност за нашите граѓани, порача вечерва СДСМ Крива Паланка на средба со жителите на улиците Ристена Гогова и Моша Пијаде.
Градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски, пред присутните говореше за актуелните политики кои власта ги прави на централно и локално ниво. Тој рече дека Стево Пендаровски ќе биде претседател на сите, човек кој ќе го трасира патот на земјата кон евроинтеграциските процеси, максимално ќе се залага за економијата, напредокот и подобар живот на секој граѓанин.
– За овој период нашата земја и раководството покажаа и докажаа дека умеат да стојат рамо до рамо со лидерите на сите земји. Денеска се случи историската посета на премиерот Алексис Ципрас и владината делегација на соседна Грција на Република Северна Македонија,со што покажавме дека можеме да направиме многу за нашиот народ, истакна Мицевски.
Претседателката на Советот на Општина Крива Паланка,Изабела Павловска пред присутните истакна дека нашата земја нема друга алтернатива освен НАТО и ЕУ и дека сите заедно треба да продолжиме да чекориме кон тој пат, за силна, стабилна земја и перспективна иднина на сите идни генерации.
– Почитувани сограѓани ајде заедно сите ние на 21 април да продоложиме да одиме напред и заедно да дадеме поддршка за идеите за подобра Крива Паланка и подобра земја. На фер и демократски избори да докажеме сите ние заедно сплотени можеме и дека нашите граѓани го заслужуваат тоа,порача Павловска.
Павловска ги потсети присутните дека Општина Крива Паланка реализира еколошки активности под наслов „Чиста населба – чиста општина“ за подобрување на еколошката слика и уредување на повеќе јавни локации и зелени површини во градот при што ги повика жителите за активно учество во недела на 7 април од 9.30 до 13.30 во населбите Баглак и Бадлак за свој придонес во заштита на животната средина.
За претседателот на ОО на СДСМ Крива Паланка, Игор Ѓорѓиевски, Стево Пендаровски е човек кој обединува, со концепт едно општество за сите и достоен претставник на сите граѓани.
– Почитувани кривопаланчани знам дека ја поддржубвате нашата опција,нашите тимови денес попладне ги посетија вашите домови и наидоа на одличен прием и одобрување на нашите политики. Со вашето присуство вечерва на овој собир ја потврдивте Вашата определба за стабилна,просперитетна и европска држава. Верувам дека на 21 април ќе кажете големо ДА за канидадатот на СДСМ и Коалицијата, ќе гласате да одиме заедно напред во подобра иднина за сите нас, порача Ѓорѓиевски.