СДСM Кр.Паланка: Населбата Маневци ќе добие нов алтернативен пат

На средба со жителите на населбата Маневци носителот на советничката листа на СДСМ Изабела Павловска, министерот за земјоделство Љупчо Николовски и кандидатите за советници беа информирани за неколку проблеми со кои се соочуваат кривопаланчани од овој дел на градот. Скоро сите до еден од присутните се сложија дека огромен проблем за нив претставува движењето по улицата 8 ми Октомври, хаосот од возила и зголемената фреквенција на движење.

-Навистина, имаме проблем, особено за време на викенд, кога имаме зголемен број на возила кои минуваат овде, особено во сабота кога е пазарен ден, реагираа жителите.

Од страна на носителот на советничката листа Изабела Павловска, граѓаните беа информирани дека овој проблем се провлекува години наназад и затоа во нивната програма е истиот да биде решен. Во програмата стои дека улицата 8-ми Октомври која минува низ централниот реон од населбата Маневци повеќе не ги исполнува своите намени заради зголемениот број на населението во овој дел и зголемениот проток на возила. Граѓаните кои живеат во овој дел од Крива Паланка, па и граѓаните од околните села кои се движат низ истиот пат, се сведоци на секојдневен сообраќаен метеж и тоа го отежнува нивното непречено живеење.

Капацитетот за сообраќање на оваа улица е веќе одамна пробиен. Изградбата на нова улица која ќе се простира долж течението на Дурачка Река од нејзиниот лев брег ќе биде соодветно сообраќајно решение за граѓаните од оваа населба. Воведувањето на кружно сообраќање по улицата 8-ми Октомври и ново изградената улица во голем дел ќе го олесни движењето и ќе придонесе за развој на овој дел од населбата, стои во програмата на СДСМ.

Со изградбата на новата улица која се планира да се реализира во периодот од 2018 – 2019 година се очекува олеснување на движењето на граѓаните кон домовите, растеретување на сообраќајниот метеж и движењето на туристите и стопанствениците од селата кои се поврзуваат со истиот пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e