СДСМ Кр.Паланка на средба со граѓани во Куков Дол: Инвестираме во локалната инфраструктура за поквалитетен живот на граѓаните

Во последните две и пол години Владата на СДСМ работеше за изградба на вистинска праведна држава која нуди еднакви можности за сите, дајте ни ја вашата поддршка на 12 април за да продолжиме по вистинскиот пат, по правиот пат,порача градоначалникот на општина Крива Паланка,Борјанчо Мицевски на отворањето на месниот штаб за жителите на населбите Лозаново,Бегови Бавчи и Куков Дол.

Градоначалникот Мицевски потсети на бројните посети на странски политичари кои даваат поддршка на работењето на оваа власт и ја посетија нашата земја во изминатиот период. Според него сево ова е резултат на вистинските политики кои ги прави раководството на државата со единствена цел влез во ЕУ и НАТО.

83724772_3114825415215833_2562172112047439872_o

„ Претходно бевме сведоци на градби во главниот град, споменици, мостови или барокни фасади денес во нашиот регион имаме експанзија на градежна офанзива  тоа се исправните политики кои треба да ги поддржиме на 12 април. Градиме насекаде, улици, населени места, пример за добри политики е село Голема Црцорија каде неколку семејства, меѓу кои и млади луѓе од главниот град дојдоа да живеат овде со што правиме чекор кон ревитализација на селата. Во изминативе година две асфалтиравме поголем број на улици, за дел од некои улици во градот немаме проектна документација но се работи на неа“ ,рече првиот човек на градот.

Тој посочи дека најголем дел од проектите на кои се фокусирани овој период се проекти за дополнително подобрување на локалната инфраструктура.

„ Утре ќе биде потпишувањето односно воведот во работа на рехабилитација на стариот патниот правец кон манастирот Свети Јоаким Осоговски, во висина од некаде 13 милиони денари. Утре ќе започне и изградбата на потпорни стени кај Метеоролошка станица, кои беа трустно подрачје и долги години беа сериозна опасност за жителите од тој крај, исто така се започнува и со градба на потпорни стени на улицата Никола Карев. Изминатиов период имавме низа активности кои се од големо значење за нашиот град, во образованието, здравството, социјалата, само во објектот на Детската градинка минатата година вложивме 15 милиони денари средства добени преку донации и спонзорства а обезбедивме и 23 милиони денари за изградба на нов кат на централниот објект, рече градоначалникот Мицевски.

Шефот на ИШ на ОО на СДСМ Крива Паланка, Сашко Митовски истакна дека мерките на СДСМ за зголемување на платите на вработените дале одлични резултати  односно тие за последниве 2,5 месеци добле повисоки плати, согласно мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите.

84803871_3114825105215864_8932450996836106240_o

– Ги укинавме квотите на лекови,нема повеќе гужви во аптеките, буџетот се зголеми за 2,5 пати, нема пациент кој нема лек. Платите на лекарите, специјалистите и медицинскиот персонал ќе продолжат да растат затоа што градиме здравствен систем што се грижи за граѓаните. СДСМ овозможи раст на минималната плата и проширување на социјалните мерки на поголем број семејства и силно ги поддржува да се развиваат и напредуваат. Повеќе од 300.000 граѓани земаат плата повисока од 18.000 денари, донесовме одлука дека економијата сега може да издржи минимална плата од 14.500 денари и ред други мерки,порача Митовски.

На крајот од своето обраќање шефот на ИШ Сашко Митовски рече дека за две и пол години СДСМ покажа што значи одговорно владеење и грижа за сите подеднакво и дека продолжува да спроведува политики за развој на државата и за подобар живот за нашите граѓани. Затоа како што рече тој верува деа на 12 април кривопаланчани ќе знаат да го направат вистинскиот избор, за правиот пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e