СДСМ Кр.Паланка: Изградба на улица во населба Белево кон Мечковци

“Населбата Мечковци подолг период има проблеми со патната инфраструктура иако се наоѓа во непосредна близина на градското подрачје.

Населението кое гравитира во овој дел од градот е оневозможено во поглед на вршење на редовните работни обврски. Отежнатата гравитација кон градот е во полоша состојба во поголем дел од годината особено во врнежливите и снежните месеци.

Се работи за капитален потег, изградба на модерен асфалтиран пат, кој ќе овозможи полесно движење на граѓаните од оваа населба кон централното градско подрачје и другите населени места во Крива Паланка.

Изградбата на патот ќе ги зајакне економските врски кон и од ова населено место, ќе ја зголеми активноста на населението и ќе придонесе за развојот на ова населено место.” – стои во соопштението од СДСМ Крива Паланка, како дел од прoграмата за изборите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e