“По одземањето на ингеренциите на стопанисување со спортските објекти на ЈП Комуналец, истите ќе се доделат на ново формирано претпријатие кое ќе има за задача да ги управува и одржува постојните спортски капацитети. Во иднина ќе се разгледува и стопанисувањето со тениските терени и градскиот базен, како и со реконструкција на рекреативните пинг-понг маси и стопанисување со истите. Спортското претпријатие ќе биде и административно организирано, а неговата успешност ќе се бележи со развој на спортот во нашиот град, но и развој и промоција на рекреативните активности.” – стои во соопштението од СДСМ Крива Паланка како дел од изборната програма.