СДСМ Кр.Паланка: Изградба на нова улица на потегот од Дом на култура до Маневски мост

“Улицата 8-ми Октомври која минува низ централниот реон од населбата Маневци повеќе не ги исполнува своите намени заради зголемениот број на населението во овој дел и зголемениот проток на возила. Граѓаните кои живеат во овој дел од Крива Паланка, па и граѓаните од околните села кои се движат низ истиот пат, се сведоци на секојдневен сообраќаен метеж и тоа го отежнува нивното непречено живеење. Капацитетот за сообраќање на оваа улица е веќе одамна пробиен.

Изградбата на нова улица која ќе се простира долж течението на Дурачка Река од нејзиниот лев брег ќе биде соодветно сообраќајно решение за граѓаните од оваа населба. Воведувањето на кружно сообраќање по улицата 8-ми Октомври и новоизградената улица во голем дел ќе го олесни движењето и ќе придонесе за развој на овој дел од населбата.

Олеснување на движењето на граѓаните кон домовите.

Растеретување на сообраќајниот метеж и движењето на туристите и стопанствениците од селата кои се поврзуваат со истиот пат.” – стои во соопштението од СДСМ Крива Паланка, како мерка од изборната програма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e