“Злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторството. Никола Груевски вечерва на митинг во Крива Паланка пред граѓаните, повторно со нови лажни ветувања.
Традиционално во Крива Паланка пред секои избори, осомничените криминалци, Никола Груевски и Арсенчо Алексовски на граѓаните им даваат лажни ветувања.
Така, на само неколку дена пред локалните избори 2013г, тогашниот кандидат за градоначалник, Арсенчо Алексовски во емисијата “Јади Бурек”, во потрага по глас повеќе, ја замајуваше јавноста со наводно рестартитање на Кланицата и вработување на 80-100 луѓе. Според Алексовски, кланичниот дел требаше да започне со работа во мај 2013г или само еден месец по завршување на изборите.
Наредната година, неговиот шеф Никола Груевски, на митинг во Крива Паланка излезе пред граѓаните со најголемата лага за наводни 5600 вработувања во кривопаланечкиот регион.
Груевски вети турска инвестиција од 250 милиони долари во зоната во Ранковце, каде според него требаше да се вработат 5600 луѓе од Ранковце, Крива Паланка, Кратово, Куманово, Штип, Пробиштип.
Нема ништо ниту од првото, ниту од второто ветување.
Груевски и неговиот послушник Алексовски, јавноста ќе ги памети по нивните лажни предизборни ветувања. Затоа, кривопаланчани нив не им веруваат и на 15 октомври ќе ги испратат во политичка пензија.
Во Крива Паланка доаѓа нова локална власт која ќе се држи до ветеното и ќе работи за доброто на секој граѓанин!” – реагираат од СДСМ Крива Паланка