“Почитувани,
Како одминуваат последните денови од кампањата, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски, во страв од големиот пораз кој ќе му се случи во недела на 15ти октомври, се обидува на најподмолен начин да манипулира со јавноста.
Градоначалникот во заминување, свесен дека ја губи поддршката од граѓаните, се обидува повторно да ја наметне измислената тема за бегалците и нивно наводно населување.
Безидејниот и очаен Алексовски, мисли дека со пласирање на лаги може да добие некој глас повеќе.
Граѓаните се свесни, тие знаат дека темата за бегалците е измислена во кујната за лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ.
Никакви бегалци нема да има во Крива Паланка и Македонија.
Осомничениот криминалец, Арсенчо Алексовски ги плаши и лаже граѓаните. Неговите лаги се проѕирни.
Единствени бегалци, по завршување на локалните избори ќе бидат осомничените криминалци како Алексовски кои како ѓавол од крст ќе бегаат од одговорноста за сторениот криминал.” – реагираат од СДСМ Крива Паланка.