“Градоначалникот во заминување Арсенчо Алексовски во својата програма за овие избори даде ветувања кои исто така ги вети на граѓаните и за кои тие го гласаа на изборите во 2013-та.
Арсенчо Алековски упорно ја лаже јавноста дека 95% од неговите ветувања се исполниле.
Во врска со проектите од програматa тој повторно ја ветува гасификацијата која требаше да почне некаде 2013-та година.
Вети и целосна замена на азбесните цевски.
Ги нема ниту тротоарите за безбедно движење на пешаците и учениците. Наместо тоа, после осум години, имаме хаос во сообраќајот и узурпирани тротоари, дури и од скапите автомобили и џипови на градоначалникот во заминување, кој патем речено требаше да биде пример.
Ништо и од патеката по старата градска вада ветена дека ќе биде направена до 2015-та.
За што друго бара доверба Алексовски? За потрошените народни, а не приватни пари за водоснабдителни системи и канализации кои не го решија проблемот на граѓаните, за ветените 5000 вработувања во Веибо и 100 во кланицата, за егзодусот на младите од градот, за безперспективноста, за затворениот базен, за детскиот парк во населба Скрљава, за училишната сала позади училиштето Јоаким Крчовски, за изградба на патот до Србија преку Голеш, за замена на азбесниот кров на градинките, за изградба на пристапни рампи во институците, за изградбата на дом за стари лица, за социјални станови во Жидилово, …
Нереализираните проекти се многубројни. Ова што го набројавме не е ниту третина од ветените проекти за кои Алексовски излажа. Затоа народот на 15 Октомври ќе го испрати Алексовски во политичката историја а граѓаните ќе добијат нова локална власт предводена од СДСМ која ќе се грижи за приоритетните проблеми на граѓаните”, се вели во соопштението на СДСМ Крива Паланка.