“Градоначалникот во заминување Арсенчо Алексовски, во својот отчет се пофали дека го решил проблемот со водоснабдувањето, трошејки 23 милиони денари пари на граѓаните.
Во отчетот кој беше направен со народни пари и делен преку партиски активисти, истиот тој Алексовски порача дека со тоа се решил проблемот со водоснабдувањето на високите делови на лев и десен брег на Крива Паланка.
Граѓаните кои живеат во овие делови многу добро знаат дека тоа се беспотребно потрошени пари бидејки и покрај тоа во летните периоди постојано има дефицит на вода за пиење.
Недозволиво е во 21 век луѓето да не можат да ги вршат основните човекови потреби. Достапноста на квалитетна вода за пиење е фундаментално право на сите граѓани. По доаѓањето на власт, градоначалникот од редовите на СДСМ заедно со тимот, ќе се зафати со вистинско решавање на проблемите на граѓаните за тие да имаат квалитетен и непречен дотур на вода”, се вели во соопштението на СДСМ.