“Градоначалникот во заминување Арсенчо Алексовски на пресконференција обвинува дека СДСМ нудел негови проекти. СДСМ вети гасификација и тој проект ќе биде реализиран, го сакал тоа Алексовски или не.
На кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ му порачуваме да престане да ја замајува јавноста со невистини. Тој многу добро знае дека основниот проект не значи и гасификација туку е само некоја почетна фаза. Гасификација е кога населението ќе се приклучи и ќе го користи бенефитот од тоа. Гасификацијата е во интерес на граѓаните и ќе биде изградена од новата локална власт предводена од СДСМ.
Потенцираме и дека основен проект е направен со народни пари а не со милионите евра на Алексовски.
Уште еднаш потсетуваме дека Алексовски излажа за гасификацијата. Во неговата изборна програма вети дека почетокот на изградбата на гасификацијата ќе започне уште пред четири години, но од тоа нема ништо.
Со неговото тврдење пак, дека Крива Паланка добила нов плоштад како што заслужува, воопшто не се согласуваме. Можеме само да се согласиме дека се потрошени огромни пари на граѓаните за плоштад кој служи само како патека за да се дојде до зградата на општината и ништо повеќе.
Кривопаланчани заслужуваат да уживаат во вистински уреден градски плоштад во централното градско подрачје, плоштад кој ќе биде направен од новата локална власт на СДСМ, со уредени и современи пешачки зони, места за релаксација и одмор и хортикултурно уредување.
Алексовски е свесен дека му се одброени деновите во градоначалничката фотелја. На 15 октомври граѓаните ќе го испратат во политичка историја а новата локална власт рационално и домаќински ќе ги користи парите на граѓаните за она што е нивен најголем интерес”, се вели во соопштението на СДСМ Крива Паланка.